Кошта: За обединета Европа потребен е повторно обединет Кипар

На средба во Претседателската палата во Никозија, токму кипарското прашање беше во фокусот на разговорите, а Кошта ја изрази европската поддршка и подготвеноста за помош и придонес кон решавање на проблемот, согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

За нас е јасно дека за обединета Европа потребен е обединет, повторно обединет Кипар. Ја поддржуваме позицијата на Кипар и ги поддржуваме напорите предводени од генералниот секретар на ОН за преку дијалог да се најде решение за ова прашање, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, кој од своја страна посочи дека кипарскиот проблем е европско прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

На средба во Претседателската палата во Никозија, токму кипарското прашање беше во фокусот на разговорите, а Кошта ја изрази европската поддршка и подготвеноста за помош и придонес кон решавање на проблемот, согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Му имаме пренесено на турскиот претседател дека сме подготвени да помогнеме и позитивно да придонесеме за решавање на ова прашање, особено преку зајакнување на билатералните односи меѓу Европската Унија и Турција. И сметам дека ова би можело да биде важен придонес од ЕУ во напорите да се помогне во решавањето на ова прашање, посочи Кошта.