Албанија: Евис Сала поднесе оставка од функцијата министерка за здравство

Министерката за здравство и социјална благосостојба на Албанија, Евис Сала, поднесе оставка од функцијата.

Сала ја соопшти својата одлука денеска, 2 септември 2026 година. Таа на функцијата беше назначена во септември минатата година.

Како што објасни Сала, причината за нејзината одлука се новите меѓународни ангажмани во областа на нејзината експертиза. Таа му се заблагодари на премиерот Еди Рама за укажаната доверба и за можноста да служи во Владата.

Евис Сала е лекар и истражувач со професионално искуство во областа на радиологијата, онкологијата, медицинските иновации и примената на вештачката интелигенција во медицината.