
Министерството за одбрана доцна синоќа во дневниот биланс објави дека во текот на вчерашниот ден избувнале 21 пожар, од кои 11 се активни, 5 се под надзор, а исто толку се изгаснати.
Стотици оперативни сили, противпожарни возила и персонал на вооружените сили се ангажирани на терен, додека операциите се поддржани и од хеликоптери и авиони за гаснење на пламените јазици. Ситуацијата е особено проблематична во некои области на Фиер, Скадар, Мат и Дајти, стои во соопштението.
Во гаснењето на огнените стихии биле вклучени 587 локални оперативни сили, 52 противпожарни возила, како и 550 припадници на армијата и 7 армиски противпожарни возила. Воздушна поддршка била обезбедена од 4 хеликоптери и 1 авион „Ер Трактор“.
Националната агенција за цивилна заштита (AKMC) продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.
„Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат таму каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите и имотот на граѓаните“, пишува Министерството за одбрана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden